НАД 16 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ЛАЖНО ВИДЕО СО СУПЕРМЕСЕЧИНА НА ФЕЈСБУК

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Повеќе од 16 милиони луѓе го погледнале видеото со супермесечината над Грција на Фејсбук, што компанијата забележала дека е лажно дури по четири часа, и покрај тоа што некои корисници прокоментирале дека нешто не е во ред.

Она што одело во живо на Фејсбук, всушност, била статична фотографија, со додадени звуци на ветер.

Дополнително било утврдено дека станува збор за девет години стара слика на полна месечина над храмот на Посејдон во јужна Грција. Тоа вчера било најпопуларно видео при пребарувањето на зборот супермесечина на Фејсбук.

Видеото беше тргнато дури во средата попладне по локално време, зашто било спротивно на политиката на компанијата.

Крис Коциопулос за Си-Ен-Ен изјави дека ова не е првпат неговите фотографии да се користат без дозвола, но никогаш на ваков начин.

„Како е можно ова да е видео во живо кога месечината е во истата точка веќе три часа“, напиша еден корисник на Фејсбук.