Најголемиот онлајн продавач на светот „Амазон“ влезе во Хрватска.
Компанијата на Џеф Безос и официјално ја почна соработката со „Хрватски пошти“ за достава на пратки на хрватскиот пазар, а опслужувањето би можело да биде проширено и на соседните земји Србија, Црна Гора и БиХ.
Пакетите со логото на „Амазон“ пред неколку дена почнаа да пристигнуваат во новиот голем дистрибутивен центар на „Хрватски пошти“ во Велика Горица во близина на Загреб. Во овој центар биле вложени 46 милиони евра.
„Амазон“ е убедливо најголемата онлајн продавница на светот и лани остварил приход од 280 милијарди долари. Неговиот основач Џеф Безос денес е најбогатиот човек на светот.