БОЖИЌ МОЖЕ ДА СЕ СЛАВИ И БЕЗ СОБИРАЊА, ВЕЛИ РОБИ ВИЛИЈАМС ВО НОВА КОВИД-ПЕСНА

Лондон, (Билборд)

Британскиот пејач Роби Вилијамс се осврна на 2020 година во својата нова празнична песна „Can’t Stop Christmas“. Поранешниот член на „Тејк дет“ вели дека ја напишал песната поттикнат од пандемијата на ковид-19 и таа се најде на новото, специјално издание на неговиот лански хит албум „Божиќен подарок“.

„Песната нѐ пoтсетува дека дури и кога Божиќ е откажан, сите можеме да го прославиме, без да се групираме“, смета Вилијамс.

„Дедо Мраз е на неговата санка, но сега е на два метра оддалеченост“, пее тој во песната.

Албумот „Божиќен подарок“ е мешавина на нови и класични празнични песни и Вилијамс на него соработуваше со имиња како Брајан Адамс и Род Стјуарт, но и со боксерскиот шампион Тајсон Фјури.