„НИНТЕНДО“ ЌЕ ИЗДАДЕ ТРИ ВИДЕОИГРИ „СУПЕР МАРИО“ ВО 3-Д

Токио, (Ројтерс)

Јапонската компанија „Нинтендо“ најави дека повторно ќе ги издаде видеоигрите со славниот лик Марио на својата популарна конзола „нинтендо свич“, во чест на 35-годишнината од лансирањето на легендарната игра „Супер Марио браќата“.

Станува збор за насловите „Супер Марио 64“ од 1996 година, „Супер Марио саншајн“ од 2002 и „Супер Марио галакси“ од 2007, кои ќе се продаваат од 18 септември под името „Супер Марио 3-Д ол старс“. Тоа ќе биде првo влегување на франшизата во 3-Д гејмингот, што се смета за голем чекор напред за индустријата.

Ексклузивниот пакет ќе се продава само до март.