„Олимпус“, еден од најпознатите светски брендови на фотоапарати, објави дека се повлекува од овој бизнис по 84 години. Јапонската компанија соопшти дека и покрај најголемите напори, „екстремно сериозниот пазар на дигитални камери веќе не е профитабилен“.
„Појавата на смартфони, кои го намалија пазарот на фотоапарати, е еден од главните фактори за тоа“, кажаа од „Олимпус“, додавајќи дека имаат остварено загуби во изминатите три години.
„Олимпус“ го направи својот прв фотоапарат во 1936 година откако претходно произведувал микроскопи. Моделот „семи-олимпус“ чинел повеќе од неколку месечни плати во Јапонија. Компанијата во наредните децении продолжи да го развива бизнисот со фотоапарати, станувајќи едно од најголемите имиња на овој пазар.
Тој драматично падна во изминатата деценија, според една проценка за дури 84% во периодот од 2010 до 2018 година.