„Сони“ објави дека „Плејстејшн 5“ глобално ќе биде пуштен во продажба на крајот на 2020 година.

Конзолата ќе има нов контролер кој користи напредна технологија на вибрации, а унапредена е и графиката со помош на нова технологија која ги подобрува светлосните ефекти. Благодарение на новиот погон, игрите побрзо ќе се подигнуваат и ќе се намали времето на полнење.

Надградбите се слични на оние што ќе се појават во новата конзола „ИксБокс“ на ривалскиот „Мајкрософт“, која исто така ќе биде пуштена за Божиќ следната година.

Целта е играњето видеоигри да стане пореалистично, па кога со болид ќе удрите во ѕид за време на трка, тоа да се чувствува поразлично од прекршок на фудбалски терен“, изјави Џим Рајан, претседателот на забавниот оддел на „Сони“.

Компанијата засега не објави фотографии од новата конзола, ниту со кои игри ќе дојде.