ПРЕТСТАВЕНА ПРВА МЕМОРИСКА КАРТИЧКА ЗА КАМЕРИ ОД ЕДЕН ТЕРАБАЈТ

Њујорк, (Енгаџет)

Американската компанија „Лексар“ ја претстави првата Ес-Ди мемориска картичка од еден терабајт на светот, која, всушност, ќе се најде во продажба.

Наречена „professional 633x“, станува збор за модел УХС-1 место за многу побрзиот УХС-2, но работи на најголемата брзина за УХС-1 картичка од 95 мегабајти во секунда. Тоа би требало да биде доволно брзо за најголем број камери да прават видео во 4К резолуција.

„СанДиск“ беше првата компанија која претстави 1ТБ картичка за камери во 2016 година, но таа никогаш не беше пуштена на пазарот.

„Пред речиси 15 години, ‘Лексар‘ ја понуди првата Ес-Ди картичка од еден гигабајт. Денес сме возбудени што можеме да претставиме картичка со капацитет на меморијата од еден терабајт. Ако продолжиме со ова темпо на развој, до 2034 година ќе имаме картичка од еден петабајт“, изјави Џои Лопес од „Лексар“.