РОБОТ ДОСТАВУВА ХРАНА, КНИГИ И КОЗМЕТИКА НИЗ СТОКХОЛМ

Стокхолм, (Ројтерс)

Шведскиот телекомуникациски оператор „Теле2“ и компанија за достава на храна се здружија во пилот-проект на самодвижечки робот кој разнесува производи низ Стокхолм.

Поради пандемијата, во светот расте побарувачката по бесконтактни начини на достава на храна и производи.

Освен храна од ресторани, дроидот наречен Дора разнесува и книги, технологија и козметички производи. На него има камера која во реално време испраќа информации преку 5Г мрежата на „Теле2“ до компанијата за достава.

Во првите тест достави, Дора носел пратки до 20 килограми низ централен Стокхолм.

„Дора ја согледува својата околина, комуницира и креира соодветна услуга“, велат од „Теле2“.