РОБОТСКА МАЧКА-КЕЛНЕР ШТО МЈАУКА МЕЃУ ЗАБАВНИТЕ ИНОВАЦИИ НА САЕМОТ НА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ЛАС ВЕГАС

Лас Вегас, (Би-Би-Си)

Роботска мачка која послужува чинии со храна во ресторан беше претставена на годишниот саем на технологија ЦЕС во Лас Вегас.

БелаБот е дело на кинеската фирма „ПудуТек“ и една од многуте забавни роботски иновации кои беа претставени на саемот.

БелБот е робот со личност

Меѓу нив е и Вокер, робот кој може да прави јога пози, додека РолБот послужува тоалетна хартија ако има недостиг на персонал.

Експертите предвидуваат дека роботите што се претставуваат на ЦЕС ќе бидат сѐ побизарни во иднина.

Основната задача на РолБот е да носи тоалетна хартија

БелаБот е робот со личност, па на неговиот екран се прикажуваат анимации со мачешки изрази, но и мјаука кога ќе се доближи до масата. Ако го погалите по ушите, БелаБот реагира со задоволство.

„Сепак, ако предолго го галите, БелаБот луто ќе ве предупреди дека му пречите во работа“, велат од „ПудуТек“.

Роботите на оваа фирма веќе се користат во 2.000 ресторани низ цел свет.