„СОНИ“ ЈА ВРАЌА ОРИГИНАЛНАТА „ПЛЕЈСТЕЈШН“ КОНЗОЛА ЗА ВИДЕОИГРИ

Токио, (Бизнис инсајдер)

Сони“ заигра на картата на носталгија и ќе лансира минијатурна верзија на оригиналната „Плејстејшн“ конзола од 1994 година.

Наречена „плејстејшн класик“, таа ќе биде помала за 45% од оригиналната и ќе дојде во пакет со 20 видеоигри, како „Последна фантазија 7“ и „Текен 3“, но сè уште не се потврдени сите. Фановите веднаш забележаа на Твитер дека конзолата ќе ги содржи и оригиналните копчиња.

Пред речиси 25 години, ‘Плејстејшн‘ му беше претставен на светот. Тоа беше првата домашна конзола во историјата на видеоигрите која се продаде во 100 милиони примероци низ светот. Долгогодишните фанови ќе ја ценат носталгијата што доаѓа со повторното откривање на игрите што ги знаат и сакаат, додека за новите играчи, ова ќе биде можност да се искуси како сè започна“, соопшти „Сони“.

Конзолата ќе се најде во продажба од 3 декември и ќе чини 99,99 долари.