ТВИТЕР ГИ ЗГОЛЕМИ ТВИТОВИТЕ НА 280 КАРАКТЕРИ, НО ОВА НЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ЈАЗИЦИ

Њујорк, (АП)

Твитер објави дека ја завршува ерата на кратки пораки, зголемувајќи го бројот на карактери што можат да се напишат во еден твит на 280.

Ова е двојно повеќе од она што досега можеше да се напише, но оваа поволност, сепак, нема да ја имаат сите. Корисниците кои твитаат на кинески, јапонски и корејски остануваат на досегашните ограничувања, бидејќи овие јазици имаат помалку карактери.

Компанијата објави дека само девет проценти од твитовите напишани на англиски го достигнуваа лимитот од 140 карактери, заклучувајќи дека луѓето трошат многу време на средување на пораките или воопшто не ги праќаат потоа.

Од Твитер сметаат дека зголемувањето на лимитот ќе ги поттикне луѓето повеќе да пишуваат, со што ќе се зголеми и базата на корисници.

Твитер ја тестираше новата опција неколку недели и вчера и официјално потврди дека ќе биде пуштена во употреба.