„ТВИТЕР“ ИМ КАЖА НА ВРАБОТЕНИТЕ ДЕКА ДОЖИВОТНО МОЖАТ ДА РАБОТАТ ОД ДОМА

Сан Франциско, (Би-Би-Си)

„Твитер“ им кажа на своите вработени дека доживотно можат да работат од дома ако сакаат, додека компанијата прави планови за иднината.

Ова уследи откако беше соопштено дека мерките за работа од дома во времето на пандемијата на коронавирусот се покажале успешни. Сепак, секој кој сака, ќе може да се врати во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

Пред неколку дена, „Фејсбук“ и Гугл“ кажаа дека нивниот персонал ќе работи од дома до крајот на годината.

„Во изминатите неколку недели се покажа дека можеме да работиме на овој начин. Затоа, ако нашите вработени имаат услови и сакаат да работат од дома засекогаш, ние ќе им го овозможиме тоа“, се вели во соопштението на „Твитер“, кој има над 4.000 вработени низ цел свет.

„Твитер“ ги затвори сите свои канцеларии во март и не планира да ги отвори најмалку до септември.