УЧЕНИЦИТЕ ВО ПЕКИНГ МОРА ДА НОСАТ НАРАКВИЦА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕМПЕРАТУРА

Пекинг, (Гардијан)

Кинеските ученици во неколку области во Пекинг почнале да носат паметни нараквици за следење на телесната температура, како најнова високотехнолошка мерка за откривање на можна изложеност на коронавирусот.

Нараквиците собираат податоци за телесната температура во реално време, што училиштето и родителите можат да ги следат преку апликација на смартфон. Ако температурата на ученикот се искачи до 37,2 степена, нараквицата го известува наставникот, кој веднаш се јавува во полиција.

„Нараквицата е слична на нормален уред за вежбање. Им препорачуваме на учениците да ја носат 24 часа на ден“, изјави еден наставник за весникот „Беиџинг дејли“.

Во изминатите недели, низ Кина почнаа постепено да се отвораат училиштата, придружено со ригорозни здравствени и безбедносни мерки, што вклучува мерење на температурата, задолжително носење маска и социјално дистанцирање.