Инстаграм позитивен музеј се отвори во Виена, со интерактивни простори за млади луѓе каде што ќе можат да креираат своја сопствена уметност. Опремен со светло бојосани ѕидови и големи предмети, музејот содржи сѐ што е потребно за совршено селфи.

„Бројката на млади луѓе кои одат во музеи е намалена, па затоа се обидуваме да се бориме против социјалните мрежи. Тие преферираат да живеат во онлајн светот место да се дружат во вистинскиот свет“, изјави Петра Шарингер, кокреаторката на „nofilter_museum“.

„Nofilter_museum“ се придружува на установите чија целна група се редовните корисници на социјални мрежи

Музејот е исполнет со интерактивни изложби, повикувајќи ги посетителите да се забавуваат. Во музејот има 24 различни соби во кои што гостите можат да прават креативни селфија.

Nofilter_museum“ се придружува на голем број установи низ светот чија целна група се редовните корисници на социјални мрежи. Музејот на сладоледот во САД се покажа популарен меѓу Инстаграм инфлуенсерите и компанијата која стои зад него вели дека тој сега е проценет на 200 милиони долари.

Мислам дека ова е иднината на музеите. Целта не е само да се прават селфија, туку и посетителите низ забава да се запознаваат со уметноста“, вели Шарингер.

Музејот ќе биде отворен шест месеци, по што Шарингер планира да го сели во други градови.