Фановите и критичарите со воодушевување го примија долгоочекуваниот нов албум на Бијонсе, насловен „Ренесанса“ (Renaissance), нејзино прво соло издание по шест години пауза. На албумот со 16 песни во денс стил има и соработки со имиња како Дрејк, Скрилекс и Грејс Џонс.
Бијонсе вели дека „Ренесанса“ е првиот дел од планирана трилогија.
„Триделниот проект беше снимен за период од три години за време на пандемијата. Мојата намера беше да создадам сигурно место, ослободено од перфекционизам и претерано размислување“, вели Бијонсе.
Многумина ја пофалија структурата на албумот, на кој песните се надоврзуваат една на друга како да е клупски микс.
„Албумот е посвета на две музички форми: крајот на 1980-ите и хаус и диско сцената од почетокот на 1990-ите. Овие песни ќе ги полнат клупските подиуми во следните години“, напиша „Телеграф“.
Други критичари кажаа дека албумот е како бесконечна забава и дека има жестока клупска енергија.
Доаѓањето на „Ренесанса“ беше невообичаено долго за стандардите на Бијонсе. Откако изненадувачки ги објави претходни два албума во 2013 и 2016, новиот беше најавен со сингл уште пред шест недели.