Најстарата зоолошка градина на светот утре одбележува 270 години постоење.

Шенбрун“ во Виена била основана во 1752 година од царот Франц Штефан Први и неговата сопруга Марија Терезија како менажерија со 12 животински живеалишта распоредени околу царскиот павилјон. Таа била тешко оштетена во двете светски војни, но и по 270 години останува една од најубавите зоолошки градини на светот и денес е дом на околу 8.000 животни од 70 различни видови, кои живеат на површина од 17 хектари.

Неодамна во градината се роди првото орангутанче по 20 години

Властите на градината постојано ги унапредуваат живеалиштата.

Како научно управувана градина, наша задача е да ги направиме посетителите заинтересирани за светот на животните. Нашите животни се амбасадори на нивните загрозени роднини во дивина“, изјави директорот Штефан Херинг-Хагенбек.

Тој додава дека самите животни ѝ ги даваат најубавите подароци на градината за роденденот, како размножувањето на жирафите и првото орангутанче родено по 20 години.

Градината е дом на 8.000 животни од 70 видови