Полјачката Каролина Бјелавска е крунисана во Мис свет на 70. издание на натпреварувањето, чиј домаќин беше главниот град на Порторико, Сан Хуан, а беше одложено за три месеци поради пандемијата.
Бјелавска, која работи како модел и е на постдипломски студии, славеше пред Американката Шри Саини и Оливија Јасе од Брегот на Слоновата Коска. Меѓу 13-те финалистки изненадувачки немаше ниедна претставничка на Латинска Америка.
„Кога го слушнав моето име, бев многу изненадена, но и почестена“, изјави 23-годишната Бјелавска.
На настанот, што се пренесуваше во 102 држави, се изразуваше солидарност со Украина, при што на сцената беа запалени 7.000 свеќи.