По проблематичниот и контроверзен вовед, проследен со дипломатски бојкот, денеска и официјално почнуваат 24. Зимски Олимписки игри во Пекинг, втори кои се одржуваат среде пандемијата на коронавирусот.
- Пекинг е првиот град кој бил домаќин и на летни и на зимски олимписки игри.
- Речиси 3.000 спортисти од 91 држава ќе се натпреваруваат за еден од 109 златни медали.
- Две земји дебитираат на зимските олимпијади, Хаити и Саудиска Арабија, кои имаат претставници во алпско скијање.
- Настаните ќе се одржуваат во три кластери: Пекинг (карлинг, брзо лизгање, уметничко лизгање и хокеј), Јанкинг (алпско скијање, боб, санкање и скелетон) и планините на Жангџијаку (слободно скијање, сноубординг, скијачки скокови, биатлон и скијачко трчање).
- Вештачки снег е користен на речиси сите борилишта и се проценува дека само во Јанкинг за таа намена биле потрошени 222,8 милиони литри вода.
- САД ја имаат најбројната делегација со 224 спортисти, па следуваат Канада со 215, Русија со 212, Кина со 174 и Швајцарија со 167.
- Индија и Еквадор се меѓу 17-те земји кои имаат испратено само еден учесник, додека Македонија ќе има тројца.
- За сноубордерите Шон Вајт и Кералт Кастелет ова ќе биде петта олимпијада, а за 49-годишната германска лизгачка Клаудија Пехштајн осма.
- Петнаесетгодишната Русинка Камила Валиева е најмладата учесничка, но важи за фаворит за злато во уметничко лизгање.