АРХИТЕКТОНСКОТО СТУДИО „ЗАХА ХАДИД“ ЌЕ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР НА НАЈСКАПАТА ЛОКАЦИЈА НА СВЕТОТ

Хонкгонг, (Дезин)

Британското архитектонско студио „Заха Хадид“ го претстави дизајнот на стаклен облакодер од 36 спратови, што ќе се гради во улицата Мареј роуд 2 во Хонкгонг, која важи за најскапата локација на светот.

Облакодерот ќе се гради на местото на катна гаража во центарот на бизнис подрачјето на Хонгконг, откако таа беше откупена за три милијарди долари во 2017 и со тоа стана најскапа локација на светот според повеќе ранг-листи.

Зградата на „Заха Хадид“ ќе има стаклена фасада изработена од серија заоблени сегменти, на кои ќе има отворени тераси со растенија. На врвот ќе има сала за приеми, која ќе нуди поглед на градот. Архитектите изјавија дека формата на зградата е инспирирана од пупка на растението баухинија, кое претходно виреело во тој дел и е поставено на знамето на градот.