Дрвено шеталиште во Хејстингс, уништено во пожар во 2010 година, беше прогласено за најдобра нова градба во Велика Британија, што на неговите проектанти, студиото „де Рајке Марш Морган“, им ја донесе престижната награда за архитектура, „Стирлинг“.

Студиото посвети неколку години на реконструкцијата на изгореното шеталиште во модерен социјален простор и конечното решение беше пофалено како „менување на идејата за она што би требала да биде архитектура“.

Првпат изградена во 1872 година, оригиналната викторијанска структура своевремено беше популарна крајбрежна атракција, каде што концерти одржаа и Џими Хендрикс и „Ролинг стоунс“. Откако беше оштетено од невреме, шеталиштето беше затворено од безбедносни причини во 2006 година, за потоа целосно да биде уништено во пожар.

За да го обнови, Кралскиот институт на британски архитекти распиша меѓународен конкурс, што привлече понуди од целиот свет. Изградбата на новото шеталиште чинеше 14,2 милиони фунти.