Холандското архитектонско студио „29“ изгради комплекс куќи од бамбус во шума во Лимбург, Холандија, со цел да ги поврзе своите жители со околните шуми.
Комплексот е наречен „Парк вила“ и се наоѓа на местото на поранешен воен терен.
Поделен е на пет дела кои се поставени околу дрвјата во шумата. Внатре во куќите има пространо приземје и кујна на отворено, распоредена околу централниот двор, а три спални соби се наоѓаат на првиот кат.
Холандското студио се потруди за да обезбеди природна светлина која се движи низ внатрешноста на секоја од нив во различни делови од денот. Секоја куќа е со различна висина на таванот и има вградени плакари.