„ИКЕА“ ЌЕ ГРАДИ СТАНОВИ ВО АНГЛИЈА ШТО ЌЕ ЧИНАТ ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПЛАТИ

Лондон, (Си-Ен-Ен)

„ИКЕА“ го освои светот со својот евтин мебел и сега сака да гради лесно достапни домови во Велика Британија.

Овој проект би се реализирал во Вортинг, град во јужна Англија, кој развива план со фирмата „БоКлок“, која е во косопственост на „ИКЕА“. Откако изгради повеќе од 11.000 куќи низ Скандинавија, „БоКлок“ планира да изгради 162 станови во Вортинг, на земјиште што е во сопственост на општината. Се очекува првите домови да бидат готови во почетокот на 2021 година.

И додека општината ќе добие 30% од становите, кои ќе бидат за социјално домување, остатокот ќе биде продаден според моделот на „БоКлок“, „остави да живее“. Тоа значи дека цените ќе бидат такви што семејствата ќе плаќаат онолку колку што имаат, а самохрани родители ќе имаат ветување дека ќе можат да си дозволат да купат двособен стан.

Според договорот, ова ќе биде пилот-проект, а ако се покаже успешен, ќе бидат изградени уште 500 домови во оваа област.

Сите станови ќе бидат опремени со мебел на „ИКЕА“.