Канадското архитектонско студио „Дарси Џонс“ реновираше куќа од раните 1900-ти во источен Ванкувер. Проектот е дизајниран за млада брачна двојка која добила бебе по завршувањето на реновирањето.
Изградена во 1910 година, оваа куќа се наоѓа меѓу две улици. Покрај целосното реновирање на куќата од 149 квадратни метри, сопствениците сакаа гаража и помошен простор.
Со оглед на ограничениот простор, правењето на нова гаража под куќата беше најдобрата опција и поради тоа оригиналната куќа требала да се подигне погоре. На приземјето има кујна, трпезарија и дневна соба. Над каминот, архитектите направија челична плоча која продолжува на таванот каде што се спалните.
Овој проект покажува како реновирањето може да има модерен дух, а сепак да го сочува и стариот изглед на куќата.