КАТАР ИЗГРАДИ СТАДИОН ОД КОНТЕЈНЕРИ ШТО ЌЕ СЕ ДЕМОНТИРА ПО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Доха, (Дезин)

Шарени транспортни контејнери и монтажна челична структура се главните карактеристики на стадионот „974“ во Доха, што шпанското студио „Фенвик Ирибарен“ го доврши во пресрет на Светското фудбалско првенство во Катар следната година. Порано познат како „Рас Абу Абуд“, спортскиот објект со 40.000 седишта е првиот стадион во историјата што ќе биде демонтиран по одигрувањето на светското првенство.

Неговата модуларна структура комбинира пренаменети контејнери и челична конструкција, која содржи рециклирани делови. Стадионот ќе може да се растури и повторно состави на нова локација или да се претвори во серија помали спортски објекти.

Монтажниот дизајн ги намалува трошоците и времето за изградба и материјалниот отпад. Стадионот е именуван според бројот на контејнери искористени во неговата изградба.

Обликот на стадионот и празнините меѓу седиштата овозможуваат природна вентилација, па нема потреба од посебни системи за ладење, за што помага и близината на морето.