КИНА ГО ОТВОРИ НАЈДОЛГИОТ СТАКЛЕН МОСТ НА СВЕТОТ

Пекинг, (Дезин)

Кина ја доврши изградбата на 526 метри долг стаклен мост во популарната природна атракција Трите Клисури на Хуангчуан во јужниот дел на земјата.

Поминувајќи преку реката Лијанџијанг, чие древно име е Хуангчуан, структурата и официјално е призната од Гинисова книга на рекорди како најдолгиот стаклен мост на светот. Тој поврзува две страни на клисура, на висина од 201 метар над реката.

Мостот во еден момент може да прими до 500 луѓе. Тие ќе одат преку калено ламинирано стакло, кое е целосно проѕирно, нудејќи чист поглед надолу.