КИНА ЌЕ ГРАДИ СТАДИОН СО ЗЕЛЕНИ ТЕРАСИ, ПРОЕКТ НА АРХИТЕКТИТЕ ОД „ЗАХА ХАДИД“

Пекинг, (Дезин)

Тераси со градини, проѕирен покрив и масивни столбови се предвидени за новиот стадион во Сијан, што го проектираше архитектонското студио „Заха Хадид“.

Стадионот ќе се гради во бизнис населбата во Сијан, еден од најстарите градови во Кина, ќе има 60.000 седишта и ќе биде домаќин за Азискиот куп во фудбал во 2023. Терасите со градини ќе обезбедуваат свежина на високите температури, а ќе се користат и како место за одмор со поглед кон планините.

Фото: Дезин

Кога ќе биде завршен, Меѓународниот фудбалски центар на Сијан ќе може да организира масовни настани, забавни случувања и домашни и меѓународни спортски натпревари.

„Сијан има долга традиција да нагостува посетители од цел свет. Овој фудбалски центар ќе ја продолжи таа традиција и ќе остави наследство за градот“, велат од студиото на легендарната архитектка, која почина во 2016.