КИНА ОТВОРИ НОВ ОГРОМЕН АЕРОДРОМ, ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ УШТЕ 160 ДО 2035

Ченгду, (Си-Ен-Ен)

Кина го пушти во употреба својот најнов мегааеродром, што се наоѓа во Ченгду, главниот град на провинцијата Сичуан, која е дом на големите панди.

Изградбата чинеше 10,8 милијарди долари, а аеродромот во прв момент ќе може да опслужи 60 милиони патници годишно. Трите писти и двата терминала кои моментално се во функција покриваат површина од 710.000 квадратни метри.

Кога целосно ќе биде завршен, аеродромот ќе се простира на 1,4 милиони квадратни метри и низ него годишно ќе поминуваат 120 милиони патници.

Ченгду стана трет град во Кина со два меѓународни аеродрома, покрај Пекинг и Шангај.

„Ченгду Тијанфу“ е еден од многуте аеродроми што треба да се отворат во Кина во наредните години. Таа планира да има 400 аеродроми до 2035 година, а сегашната бројка изнесува 241.