Концертна сала „облечена“ во цинк, дизајнирана од студиото „Стивен Хол архитектс“, ќе биде изградена како мост врз модернистичката Куќа на културата во Острава, Чешка.
Дизајнот претставува неправилна форма покриена со цинк, а на некои места има застаклени ѕидови, кои го откриваат ентериерот од јаворово дрво.
Куќата на културата е изградена од чешкиот архитект Јарослав Фрагнер во 1961 година и има фасада од травертин и керамички плочки, со големи столбови на предната фасада.
Салата со 1.300 седишта ќе има форма на „совршено акустичен инструмент во футрола“, велат од архитектонското студио.