МУЗЕЈОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО ДЕКЕМВРИ

Лос Анџелес, (Дезин)

Академијата за филмска уметност и наука објави нови фотографии од својот нов музеј, кој е дело на италијанскиот архитект Ренцо Пијано, откако Том Хенкс на Оскарите откри дека тој ќе се отвори на 14 декември.

Лоциран на булеварот Вилшир, музејот ќе биде сместен во реновирана зграда од 1930 година, како и во нова стаклена сфера дизајнирана од фирмата на италијанскиот архитект, добитник на Прицкерова награда. Од фотографиите се гледа дека стаклениот објект е при крај.

(Фото: Р. Пијано)

Во стаклениот објект ќе има сала со 1.000 седишта, која ќе се користи за филмски премиери, како и тераса со куполи со поглед кон ридовите на Холивуд. Во зградата од 1930 ќе има изложби и простор за разни настани.

Академијата потврди дека е на ред ентериерното уредување и дека целиот проект чини 388 милиони доалри.