НАЈВИСОКИОТ ВНАТРЕШЕН ВОДОПАД Е ВО ЦЕНТАРОТ НА НОВИОТ АЕРОДРОМ ВО СИНГАПУР

Сингапур, (Дезин)

Четириесет метри високиот „Реин вортекс“, највисокиот внатрешен водопад на светот, е поставен на централно место на новиот аеродром во Сингапур, дизајниран од архитектонската фирма „Моше Сафдис“.

Водопадот се протега на седум спрата, почнувајќи од стаклената купола на покривот на аеродромот, кој ќе се отвори на 17 април.

Во Сингапур често има невремиња со грмотевици, па „Раин вортекс“ е дизајниран така да ја инхибира дождовницата со брзина од 30.000 литри во минутa. Водата природно ќе го лади воздухот под куполата, додека задржаната вода ќе биде повторно искористена за зградата.

„Архитектите мора да одговорат на климатските промени така што ќе бидат поразновидни во идеите“, велат од архитектонското студио.