Прилеп направи голем чекор напред кон добивањето на нова театарска зграда, откако беше објавено победничкото решение на распишаниот архитектонски конкурс. Објектот ќе се гради според дизајнот на скопското студио „СПИМ“, зад кое стојат Синиша Павловски и Илија Мирчески, кое во наредните денови ќе објави повеќе детали за проектот.
Театарот ќе се гради во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и ќе има вкупна површина од 1.864 квадратни метри.
Тој ќе има капацитет за 380 гледачи, од кои 320 ќе бидат сместени во партер, а 60 во галеријата на првиот кат.