ОПЕРА СО СПИРАЛЕН ПОКРИВ СО СКАЛИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ЗАШТИТЕН ЗНАК НА ШАНГАЈ

Шангај, (Дезин)

Светски познатато студио за архитектура и дизајн од Норвешка, „Снехета“ ги објави плановите за новата Голема оперска куќа во Шангај, на која покривот ќе биде во спирална форма со скали, и ќе ги поврзува горните нивоа на објектот со плоштадот во близина на река.  Норвежаните го направиле дизајнот во соработка со кинеското студио „ЕКАДИ“.

Новата оперска куќа, која ќе се гради во близина на реката Хуангпу, се очекува да биде нов културен симбол на најголемиот град во Кина.

Фото: „Снехета“

Најпрепознатлив дел на објектот ќе биде спиралниот покрив кој ќе биде поврзан со плоштадот преку надворешни скали во форма на спирала. „Снехета“ го дизјанирале тоа да наликува на отворена лепеза, и „да ги асоцира луѓето на танцот и телото“.

Големата оперска куќа на Шангај ќе има сала со 2.000 седишта, како и уште помали  сали со по 1.200 седишта и 1.000 седишта.