Париз ќе почне да ја гради својата прва урбана жичница, 4,5 километри долга линија, која ќе поврзе неколку населби во југоисточниот дел на градот. Се очекува жичницата да биде пуштена во промет во 2025 година.
Жичницата ќе има пет станици и ќе биде поставена на 33 столбови. Секоја кабина ќе може да прими десет патници, а целиот систем би превезувал 1.600 луѓе на час во најпрометните периоди од денот.
„На овој начин, нашиот јавен превоз ќе добие нова иновативна алатка. Тоа ќе биде прва урбана жичница во регионот“, изјави Лоран Пробст, генералниот директор на „ИДФ мобилите“, организација која го контролира и координира јавниот превоз во Париз.
Жичницата била избрана поради ридскиот терен во овие предградија, што ги ограничува можностите за воведување воз или метро.