ПО ВЕНЕЦИЈА, АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОЕКТ „ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ“ ДОЈДЕ ВО МСУ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Музејот на современа уметност е поставена изложбата „Ослободување на просторот“, која беше македонски претставник на ланското, 16. Венециско биенале на архитектурата. Изложбата ќе трае до 30 април.

Проектот се состои од четири објекти кои претрпеа коренити промени со проектот „Скопје 2014“. Комесар на проектот беше кустосот-советник во МСУ Зоран Петровски, а куратори се Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Поставката третира четири проекти изработени од четири тимови архитекти во соработка со кураторите: „Непријатна блискост“ го реконципира објектот на ЦК СКМ, односно Владата на Република Северна Македонија, „Повторно поврзување“ го обликува просторот меѓу комплексот Пошта, „#Ослободување #Поврзување #Прочистување #Репрограмирање“ го третира платото пред Македонскиот народен театар, а „Дестратификација Скопје“ ги преформулира фасадата и содржината на зградата на НА-МА.

Фото: К. Попов