Данска и Германија го започнаа поврзувањето со најдолгиот подводен тунел на светот. Данскиот крал Фредерик ја претстави првата секција од идниот 18 километри долг тунел под Балтичкото Море, кој ќе ги поврзува северна Германија и јужна Данска.
Тунелот „Фемарнбелт“, кој треба да биде отворен во 2029, ќе го намали патувањето од сегашните 45 минути со траект на само седум минути со воз. Данскиот град Редби и германски Путгартен ќе бидат директно поврзани и со пат со четири ленти, а оттаму ќе има конекции со централна Европа и Скандинавија.
Компанијата „Сунд анд белт“ тврди дека тоа ќе биде најдолгиот подводен тунел на светот. Низ него ќе вози електричен воз, додека на автомобилите ќе им требаат десет минути за да го поминат Балтичкото Море.
Изградбата ќе чини 4,8 милијарди евра, што ќе го платат данските даночни обврзници.
(Фото: АП)