САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ГРАДИ ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО КАРПИ ВО ПУСТИНА

Ријад, (Дезин)

Прославениот француски архитект Жан Нувел го претстави дизајнот на нов пештерски хотел во Саудиска Арабија, што ќе се гради во пустина во близина на Ал Ула. Дизајнот е инспириран од Набатејците, древната цивилизација која градела во карпи, за што најпознат пример се остатоците на градот Петра, што се наоѓаат во денешниот Јордан.

Хотелот „Шаран“ ќе биде врежан во карпите од песочник во истоимениот природен резерват.

За првпат на светот, Жан Нувел ќе го оживее 2.000 години старото архитектонско наследство на Набатејците, кои граделе во милиони години стари карпи од песочник во овој регион, при што ќе се почитува начинот на кој тие се поврзувале со околината, и вертикално и хоризонтално“, соопшти студиото на Нувел.

Проектот е сѐ уште во рана фаза, но познато е дека ќе содржи 40 апартмани и три вили сместени во карпи, додека од балконите ќе се пружа поглед на пустинскиот пејзаж. Се очекува проектот да биде завршен во 2024 година.