Тим од Универзитетот за архитектура во Пекинг изработи бетонски мост со 3-Д печатење, долг 26,3 метри, за кој тврдат дека е најдолг мост направен со ваква технологија на светот.

Мостот широк 3,6 метри поминува преку канал во областа Баошан во Шангај, а беше поставен на почетокот на годинава. Неговата заоблена форма е инспирирана од мостот во Жаоксијан стар 1.400 години, кој е најстар мост во употреба во Кина.

Мостот е изграден од 176 бетонски единици, кои беа отпечатени со 3-Д систем со две роботски раце.

Според дизајнерите, поевтино било вака да го соединат мостот, отколку да се гради на традиционалниот начин.