Стан на Менхетен во Њујорк, на таканаречениот најтенок облакодер на светот, се појави на пазарот за 110 милиони долари.
Станот со четири нивоа, од 80 до 83 кат и има поглед на Централ парк. Има пет спални соби, шест бањи и две тераси, како и поглед од 360 степени на градот Њујорк.
Зградата, позната и како кулата „Стенвеј“ беше завршена во 2022 на местото на кое некогаш беше музичката компанија за пијано „Стенвеј и синовите“. Ова е еден од највисоките облакодери во светот и најтенок, со сооднос на висина и ширина од 24:1.

Неговиот дизајн има за цел да го прикаже Њујорк од крајот на 19 век, кога градот доживеа период на невидено богатство и последователен бум во изградбата на облакодери, според архитектите.
Внатре, дизајнерите создадоа раскош со материјали како мермер, челик и кадифе и уметнички дела од Пабло Пикасо.
Станот има внатрешен базен, приватни трпезарии и уредена тераса.