СТАНБЕНА ЗГРАДА СО 1.000 ДРВЈА И 20.000 РАСТЕНИЈА ЌЕ НИКНЕ ВО АВСТРАЛИСКИОТ ГРАД БРИЗБЕЈН

Бризбејн, (Дезин)

Триесеткатна станбена зграда прекриена со зеленило ќе никне во австралискиот град Бризбејн, дело на студиото на јапонскиот архитект Коичи Такада. Наречена Урбана шума, зградата ќе има 392 станови, градина на покривот на две нивоа и јавен парк на приземјето.

Студиото планира да ја покрие фасадата со 1.000 дрвја и 20.000 растенија, комбинација на повеќе од 250 видови својствени за Квинсленд.

Нашата цел е ова да биде најзелената станбена зграда на светот. Урбана шума е најзелениот дизајн што можевме да го направиме со алатките и регулативите што ни се достапни“, вели Коичи Такада.

Главната структура на Урбана шума ќе биде направена од таканаречениот зелен бетон, верзија на бетон со ниско ниво на јаглерод. Зградата ќе содржи и туристички центар, каде што посетителите ќе може да се запознаат со нејзиниот биодиверзитет.

Изградбата треба да почне следната година и да заврши во 2024.