ЗГРАДА ВО ЛОНДОН ЌЕ ГО ИМА НАЈГОЛЕМИОТ ЗЕЛЕН ЅИД ВО ЕВРОПА

Лондон, (Дезин)

Архитектонското студио „Шепард Робсон“ го објави планот за зградата Ситикејп хаус во Лондон, која ќе го има „најголемиот жив ѕид“ во Европа, со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градот.

Зградата ќе има фасада од 400.000 растенија, кои се очекува да апсорбираат над осум тони јаглерод и ќе произведуваат шест тони кислород годишно. Таа е лоцирана во центарот на Лондон, каде што има густ сообраќаен метеж.

(Фото: Шепард Робсон)

Архитектите велат дека станува збор за пренамена на веќе постоечка зграда, за да покажат како со градежништвото може да се одговори на проблеми како климатски промени и загадување на воздухот.

Кога ќе биде готова, зградата од 11 спратови ќе има хотел со пет ѕвезди, канцелариски и галериски простор, скај-бар, спа и ресторан.