Десерт со мравки и шампањ осмислен да се пие во вселената ќе им бидат послужени на ВИП-гостите на претстојниот Мелбурн куп, една од најпрестижните коњички трки на светот.
Таа секогаш се одржува во првиот вторник во ноември, што оваа година е утре и за пристап во ексклузивната област Брдкејџ се плаќа влез од 2.200 долари.
Оваа година, во менито се издвојува новата верзија на омилениот австралиски десерт, лемингтон. Осмислена од новозеландскиот готвач Бен Шури, тој вклучи 55.000 столчени црни мравки во традиционалниот рецепт со чоколадо и кокос.
Друга привилегија за избраните гости, но само за гледање, ќе биде шампањот на француската куќа „Мезон мум“, инспириран од „Вселенска одисеја“ на Кјубрик. За „мум гранд кордон стелар“ се вели дека е прво шише шампањско дизајнирано за патување во вселената, за да можат да го консумираат космонаути и идни туристи.
Замислено да се пие при нулта гравитација, по отворањето, шампањското се испушта од високотехнолошкото шише во вид на балони од пења, која повторно се претвора во течност кога ќе дојде до устата. Произведени се само 30 вакви шишиња и специјално донесено од Париз, гостите ќе можат само да го видат ова уникатно шампањско, не и да го пробаат.
Победникот на утрешната трка „поради која застанува целата нација“ ќе заработи четири милиони долари, плус 250.000 долари во трофеи.