Модната куќа „Диор“ ја помести ревијата со машка колекција во Париз, за да ги избегне протестите на „жолтите елеци“, кои изминативе недели често беа насилни.

„Диор“ ги извести поканетите гости дека го презакажува настанот првично планиран за 19 јануари, кога демонстрантите најавија дека ќе ги блокираат Париз и други поголеми градови низ Европа. Ревијата сега ќе се одржи на 18 јануари.

Неколку бутици на „Диор“ и „Шанел“ беа оштетени во протестите во декември.

Францускиот претседател Емануел Макрон на 10 декември вети покачување на минималната плата и даночни олеснувања, како одговор на неколкунеделните насилни протести низ државата.