АМЕРИКАНСКАТА ГОРДОСТ „ФОРД МУСТАНГ“ ДОБИ ЕЛЕКТРИЧНА ВЕРЗИЈА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Форд мустанг“, еден од симболите на американската автоиндустрија, зачекори во 21. век добивајќи своја електрична верзија. Кросовер теренецот „mustang mach-E“ беше претставен на блескав настан во Лос Анџелес, на кој присуствуваше и актерот Идрис Елба. Тој треба да излезе на крајот на годината.

Неговата цена ќе се движи од 44.000 до 60.000 долари и топ-верзијата може да помине околу 600 километри со едно полнење на батериите, а за дополнителни 92 километри, тие се полнат за 10 минути. Најбрзиот модел забрзува до 100 километри на час за нешто помалку од пет секунди.

Интересно е што ‘Форд‘ одлучи да го користи името ‘мустанг‘ за овој автомобил, бидејќи тоа име е синоним за бучен, набиен американски автомобил, со голем В8 мотор. Се надевам дека ова ја менува играта“, вели новинарката Аманда Стретон.

Форд“ најави дека следната година ќе затвори шест свои фабрики во Европа, но дека останува посветен на електрификацијата.