БАНКСИ СЕ ПОЈАВИ СО НОВ ГРАФИТ ЧИЕ ЗНАЧЕЊЕ ЗАСЕГА Е НЕПОЗНАТО

Лондон, (Би-Би-Си)

Девојче кое се игра со тркало од велосипед место хулахоп е новото уметничко дело на мистериозниот графити уметник Банкси. Графитот е насликан на ѕидот од салон за убавина во Нотингем.

Графитот се појави во вторникот и до него има велосипед без тркало, но Банкси дури вчера потврди на Инстаграм дека е негов.

Салонот се наоѓа во популарна студентска населба и експертот за Банкси, Пол Гаф, вели дека значењето на графитот е нејасно.

„Последните четири-пет дела на Банкси беа поврзани со коронавирусот. Овој покажува некого што ужива во моментот. Можеби ни праќа порака дека иако живееме во тешки времиња, ајде да го извлечеме најдоброто од нив“, изјави Гаф.