Фудбалскиот клуб Барселона претстави нов дрес дизајниран во соработка со „Ролинг стоунс“. Веста за необичната соработка беше објавена утрово на социјалната мрежа Икс, а во пресрет на следниот дуел со Реал Мадрид, што се игра на 29 октомври на стадионот „Спотифај Камп ноу“.
„Барселона и ‘Ролинг стоунс‘ потпишаа договор во пресрет на следното Ел Класико“, објави клубот.

Новиот дрес изгледа како класичен дрес на Барселона, со тоа што во средината го има препознатливото лого на „Ролинг стоунс“.
„Ние сме големи фудбалски фанови и почестени сме што Спотифај го става нашето лого на дресот на Барселона за да се прослави излегувањето на нашиот нов албум ‘Hackney Diamonds‘“, кажаа од групата.
(Фото: Гети)