„БМВ“ ГО ПРЕТСТАВИ ЕЛЕКТРИЧНИОТ ТЕРЕНЕЦ СО КОЈ ПЛАНИРА ДА ЈА ОСВОИ И АМЕРИКА

Минхен, (Ројтерс)

„БМВ“ го претстави електричниот теренец „iX“, со кој ќе се обиде да ги предизвика „Тесла“ и другите ривали кога ќе почне да се продава во САД во почетокот на 2022 година. На европскиот пазар ќе биде достапен од средина на следната година.

Од германската компанија кажаа дека „iX“ ќе може да помине 480 километри со едно полнење, што е сепак помалку од дометот на Икс моделот на „Тесла“, кој е проценет на околу 600 километри. Возачите ќе може да додадат 120 километри за само десет минути полнење.

Во големина, „iX“ може да се спореди со актуелниот СУВ „BMW X5“, но од компанијата го опишуваат како спортски теренец (САВ).