Британската кралска ковачница издаде колекционерска монета во чест на Џорџ Мајкл, кој е прикажан со неговиот препознатлив имиџ од деби соло албумот „Faith“. Ова е најнова монета во серијата „Музички легенди на Монетарницата“, по Дејвид Боуви, сер Елтон Џон и „Квин“.
Дизајнирана од уметницата и скулпторка Сандра Дејана, монетата ги содржи ликот на Мајкл со неговите заштитни очила за сонце и рефренот на „Faith“.
„Од неговото деби со ‘Вем’ до станувањето на еден од најпродаваните соло музичари на сите времиња, Џорџ Мајкл е глобална суперѕвезда која инспирираше и влијаеше врз генерациите со неговите музика и уникатен стил“, изјави Ребека Морган, директорка во Кралската ковачница.
Цените на монетите започнуваат од 15,50 фунти, а верзијата во боја е достапна за 24,50 фунти. Златната монета чини 5.305 фунти.
(Фото: ПА)