ФРАНЦУСКИ УМЕТНИК СО ФОТОМОНТАЖИ ПРЕДУПРЕДУВА НА ШТЕТИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Париз, (Дезин)

Францускиот дигитален уметник Фабијан Баро ги користи неговите фотографии направени со дрон за да креира фотомонтажи за тоа како архитектурата ќе изгледа после апокалипсата предизвикана од климатските промени.

Фото: Ф. Баро

Насловена „Вести од иднината“, серијата фотомонтажи прикажува како би изгледале славни знаменитости од Париз, Рим, Њујорк и Лондон под бранови или задушени со пустински песок.

„Се обидувам да замислам што ќе се случи ако се подигнат океаните, ако се покачат температурите или се случи опустинување“, вели Баро.

За секоја композиција, тој комбинира сопствена фотографија снимена со дрон со фотографија од интернет.