Пожарната кула во Автокоманда доби мурал насловен „Хероите на градот“, во чест на скопските пожарникари. Муралот е дело на Јана Јакимовска, а е создаден во соработка со Град Скопје, „КреАрт“ и Младински културен центар.

„Благодарност до хероите на градот, нашите пожарникари, кои секојдневно беа со нас, нѐ бодреа и ни помагаа да ги премачкаме овие 180 квадратни метри, најчесто искачени во фамозниот Сноркел. Со нови мурални авантури се гледаме во 2021 година“, вели Јакимовска.
Муралот е висок 25 метри и седум метри широк, што го прави еден од највисоките мурали во светот посветен на пожарникарите.
К. СЕЛАМОВСКА