„Хјундаи“ планира да го зголеми бројот на воздушни перничиња во своите возила во наредните години.
Јужнокорејската автокомпанија дизајнираше воздушно перниче кое спречува патниците на предните седишта да се удираат еден од друг при судир.
Иако денешните автомобили се добро опремени со воздушни перничиња, истражувањето на „Хјундаи“ покажало дека патниците на предните седишта често меѓусебно се повредуваат при сообраќајна несреќа. Тоа би требало да го спречи средното воздушно перниче, што при судир би се ослободило од седиштето на возачот, при што се штитат и торзото и главата. Тоа е поголемо од перничето во воланот и тестирањата покажале дека ги намалува повредите на главата за 80%.
Моментално, ниту еден автомобил на светот не е опремен со вакво перниче, а „Хјундаи“ планира да почне да го вградува од следната година.